Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски по само три месеци си замина од кормилото на Хата од Обединетите Арапски Емирати. Иако тимот пред два дена оствари триумф, сепак, дојде до разделба меѓу Хаџиевски и Хата.
„Клупскиот менаџмент му благодари на Хаџиевски за периодот во кој го предводеше првиот тим на Хата“, објавија од клубот.
Хаџиевски подолг период работи на далечниот Исток, се уште е најтрофејниот тренер во историјата на Вардар, а работеше и во Пелистер, Силекс, Беласица, ЦСКА Софија, Џубило Ивата, Наџран, Ал-Тавон, и други…
إدارة نادي #حتا تشكر الفترة التي قضاها المدرب جوكيكا في تدريب الفريق الأول وتتمنى له التوفيق pic.twitter.com/XFc4PcO9zs
— نادي حتا الرياضي (@Hatta_fc) October 1, 2022
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski