Фудбалската репрезентација на Англија оствари висока победа на гостувањето кај Србија (0-5), со што Томас Тухел ја продолжи серијата без пораз како селектор на гордиот Албион.
Англичаните рутински ја завршија работата во Белград, а во второто полувреме целосно го надиграа противникот. Хари Кејн и Нони Мадуеке постигнаа голови во 33. и 35. минута за водство од 0-2, а потоа во листата на стрелци се запишаа Конса, Рашфорд и Гуеје за конечни 0-5.
Португалија одигра возбудлив меч против Унгарија и славеше со 3-2. Најголем печат на натпреварот остави Кристијано Роналдо, кој со својот погодок стигна до 39 гола во квалификациите за Мундијал и постави нов рекорд како најдобар стрелец во историјата.
Норвешка, пак, приреди вистинска голеада против Молдавија со триумф од 11-1. Главната ѕвезда Ерлинг Халанд постигна дури пет голови, а Асгард се надоврза со четири.
Од другите натпревари, Австрија славеше над БиХ со 2-1 во дербито за врвот, Албанија беше подобра од Летонија со минимални 1-0, додека Кипар и Романија одиграа нерешено 2-2. Франција успеа да го победи Исланд со 2-1, а конечниот исход го потврди ВАР-системот во корист на фаворитот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













