
Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската А репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“, како и до сега, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.
Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен.
Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.
Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација навреме да бидат на своите места на Националната арена.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.
Продажбата се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема.
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)
Цени на билети: 250 денари и 350 денари
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
