Младиот македонски голман Васко Василев е нов член на португалскиот прволигаш Рио Аве. Тој потпиша тригодишен професионален договор и тргнува по стапките на најславните светски голмани во моментов, Јан Облак и Едерсон. И тие кариерата ја почнаа од Рио Аве, а потоа се докажаа во португалски гиганти и сега се дел од Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.

Васко Василев, кој има 18 години, е еден од најталентираните млади голмани, не само во Македонија, туку и во регионот. Тој е член на фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години.

Василев е селектиран во младинската академија на Вардар, но замина од најтрофејниот клуб и продолжи во Србија, како член на Црвена Звезда. Тој беше позајмуван во Рад и во Графичар, а сега пред него е нов голем предизвик, да се докаже во Португалија, во редовите на Рио Аве.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













