
Ренова и натаму силно се надева на четвртата позиција во шампионатот која би можеле да значи и место на европската сцена следната сезона. Сето тоа благодарание и на неверојатниот триумф од 9-1 против Победа изминатиов викенд. А, во таа победа офанзивецот Влатко Стојановски запиша дури четири погодоци што неизбежно го издвојува како најдобар фудбалер за 32. коло во Првата лига, според изборот на МАКФУДБАЛ.
„Без разлика кој е противникот од спротивникот секако никогаш не е лесно да се стигне до една таква победа. Но, ние одигравме максимално сериозно и сето тоа следеше со триумфот. Секако тоа е пред се победа на тимот, а јас само како една алка од него ете успеав да постигнам четири погодоци“ – вели Влатко Стојановски кој се издвојува и како убедливо најдобар стрелец во шампионатот.
Ренова во следното, 33. коло од првенството, веќе утре гостува на Беласица во Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?
