
Вардар и Работнички ги поделија бодовите во 34. коло од Првата македонска фудбалска лига, играјќи 1-1 на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Работнички поведе со голот на Петар Петковски во 33. минута, но подобрата игра Вардар ја круниса со гол на Дарко Мицевски во 50. минута со кој се заокружи на 1-1.
Беласица ја победа Ренова со 3-2 пред своите навивачи со што се доближи на само еден бод негатива од Силекс во битката за опстанок. Кратовци денеска ремизираа без голови на тешкото гостување против Шкендија.
Беласица поведе со голот на Мирчевски, Ренова со погодоците на Гафури и Кадриу дојде до пресврт, но израмни Милушев со гол од мртов агол во 86. минута, за да Пепи Георгиев во првата минута од судиското продолжение донесе победа од 3-2.
Македонија ЃП славеше против Шкупи минимално со 1-0 со голот на Тантуровски, а Академија Пандев сосема очекувано триумфираше против Победа со убедливи 4-0.
ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ – 33. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-1)
Мицевски 50′ – Петковски 33′
Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-2)
Мирчевски 19′, Милушев 86′, Георгиев 91′ – Гафури 43′, Кадриу 56′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)
Тантуровски 30′
Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (4-0)
Дориев 27′, Томовски 54′, Мишов 55′, Илиев 59′
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?
