
Македонија ЃП оствари важен триумф над Шкупи (1-0) во 33. коло од Првата фудбалска лига и освои три важни бода во битката за опстанок. „Лавовите“ играат најдобро кога е најпотребно, а младиот стратег Александар Таневски умее да ја пронајде формулата за успех. Овој триумф му го донесе и епитетот најдобар тренер за 33.коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
Таневски е задоволен од играта на Македонија ЃП и вели дека неговите фудбалери се најдобри кога се под притисок.
„Освоивме важни три бода во борбата за опстанок и се надевам дека со максимална ангажираност до крајот на шампионатот ќе успееме да обезбедиме опстанок во Првата лига. Беше тежок дуелот против Шкупи, со оглед дека за ривал имавме одличен тим, а психолошкиот товар беше огромен. Сепак, фудбалерите покажаа дека кога се под притисок играат најдобро. Задоволен сум од играат и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил“, вели Александар Таневски.
Во следното коло Македонија ЃП му гостува на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
