Connect with us

Шкендија ја прослави титулата, Дестани посака групна фаза во Европа за следната сезона (ФОТО)

Првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани не го криеше задоволството од одбраната на шампионскиот трофеј и оваа сезона. Сопственикот на тетовци и на синоќешната прослава на титулата, пред бројни пријатели на фудбалот уште еднаш им честиташе на фудбалерите и стручниот штаб за доминантното освојување на шампионската круна посакувајќи во следната сезона да се стигне и до групна фаза на европската сцена.

„Горд сум на се што изминативе години прави Шкендија на фудбалската сцена. Горд сум на секој поединец во овој колектив. Уште еднаш од срце честитам за новата шампионска титула. Ако нешто искрено посакувам за следната сезона тогаш тоа е успешен настап на европската сцена и да успееме да се избориме за групна фаза во едно од двете европски клупски натпреварувања“ – истакна Дестани на синоќешната прослава во Тетово.

Од тимот, пак, шефот на стручниот штаб Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими порачаа дека максимално ќе се потрудат ова лето да дојдат и до најголемиот европски успех на клубот.

Во насока, пак, за дополнително засилување на тимот за европскиот настап, претседателот на Шкендија, Висар Беџети потврди дека новиот македонски шампион е со стартувани почетни преговори за враќање на Ферхан Хасани. На синоќешната прослава на новата титула на Шкендија, Беџети во изјава за медиумите истакна дека Хасани е во плановите на клубот, но не може да даде повеќе информации…

„Не демантирам дека има преговори за враќање на Хасани кој е во нашите планови како засилување за настапите во Европа. Но, тоа е се што можам да кажам во овој момент“ – истакна Беџети.

Хасани замина од Шкендија на стартот од сезоната селејќи се во саудиски Ал Раед. Сега е на пат повторно да се врати во Тетово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови