Македонскиот второлигаш Пелистер денеска ги почна подготовките за новата сезона. Мисијата е јасна, враќање во прволигашка конкуренција.
Тренерот Марјан Секуловски ја изврши првата прозивка, а потоа фудбалерите имаа тренинг на стадионот „Петар Милошевски“.
Спортскиот директор на клубот, Ванчо Мицевски, им посака многу среќа на фудбалерите, а раководството ќе продолжи со активностите во летниот преоден рок. Засега се уште не е комплетиран целиот ростер на тимот за новата сезона.
„Зелено-белите“ од 16 јули почнуваат со контролни натпревари.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement