Легендарниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, на 86 години повторно ќе предводи свој клуб во Серија А, откако Монца вечерва успеа да избори пласман во елитата, за првпат во историјата на клубот. Монца славеше со 3-4 на гости против Пиза, по продолженија и голема борба, потврдувајќи го триумфот и на првиот меч (2-1).
Беше тоа луд натпревар во Пиза. Домаќинот поведе експресно со 2-0, со головите на Торегроса во првата и на Хермансон во деветтата минута, а намали Мачин во 20.минута.
Монца израмни со голот на Гиткјер во 79.минута и беше на прагот на пласман во Серија А, но во 90.минута Пиза дојде до ново водство од 3-2, со голот на Мастину и го одведе мечот во продолженија.
Сепак, таму дојде конечниот нокаут од Монца. Мароне во 96.минута израмни на 3-3, а Гиткјер во 101. минута постигна и четврти гол за Монца за конечен пласман во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













