
Манчестер Сити в недела ќе го пречека Ливерпул во големото дерби за врвот во Премиер – лигата. Двете екипи остварија победи во Лигата на шампионите и во одлично расположени го очекуваат натпреварот.
„Немаме кадровски проблеми. И тоа е најважно. Играме против најсилниот можен ривал и Сити секако не прави подобри“, изјави Клоп.
Тренерот на Ливерпул вели дека ништо нема да биде готово и по овој натпревар.
„Ако победиме ќе имаме два бода повеќе, ако играме нерешено ќе остане еден бод предност за Сити, а ако загубиме тие ќе одат на четири бода позитива. Сепак, во седум кола остануваат уште 21 бод на располагање и јасно е дека ова ќе биде борба до последното коло“, истакна менаџерот на Ливерпул.
Јирген Клоп јавно го пофали својот колега на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Не верувам дека некој се сомнева во тоа“, изјави германскиот стручњак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
