Менаџерот на Евертон, Френк Лампард, ги повика фудбалерите да ја прифатат реалноста и да го покажат својот вистински потенцијал до крајот на сезоната за да може тимот да го задржи местото во Премиер – лигата. Ситуацијата на Евертон е мошне сериозна, а клубот до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.
„Крајно време е да ја прифатиме реалноста. Сите ние треба да почнеме да зборуваме за опстанок и да имаме јасна претстава каде сме. Се наоѓаме во многу тешка ситуација, но самите си направивме огромни проблеми. Поразот од Барнли ме натера да треперам за мојата позиција, а отсега ќе биде страшно тешко. Продолжувам да верувам и да бидам оптимист дека ќе се спасиме, но важно е да почнеме да освојуваме бодови. Се наоѓаме во сериозна опасност и доколку не преземеме нешто, ќе им нанесеме голема болка на навивачите и на целиот клуб. Се зависи од нас, тоа е вистината“, изјави Лампард.
Евертон утре на „Гудисон парк“ го пречекува Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













