Connect with us

Тен Хаг ќе прави „чистка“ во Јунајтед и ги бара Кејн и Данџума во нападот

Манчестер Јунајтед игра уште една сушна сезона, а погледите на навивачите веќе се вперени кон следната, кога од клупата тимот треба да го предводи актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг. Британските медиуми веќе пишуваат дека еден од новите играчи на „Театарот на соништата“ би можел да биде Арнаут Данџума, кого скаутите на Јунајтед го следеа против Баерн Минхен.


Во однос на голманот треба да има најмалку дилеми, бидејќи сосема е извесно дека тоа ќе биде Давид де Хеа, а уште многу сомнежи ќе има за одбраната каде сезонава често се сопнуваше Хари Мегваер. Како опција се споменува Јуријан Тимбер од Ајакс, кого Тен Хаг би го повел со себе и кој би можел да биде дел од централната бековска двојка со Рафаел Варан.

Дало и Шо би дејствувале по страничните позиции, а Мегваер сигурно би му се придружил на Виктор Линделоф на клупата.

„Чистка“ ќе мора да се направи на средината на теренот, а првата желба на Тен Хаг е Деклан Рајс од Вест Хем, бидејќи Фред и Мектоминај во никој случај не се калибар за дресот на „црвените ѓаволи“.
Според проекциите, Рајс би бил партнер со Калвин Филипс од Лидс и би го формирал столбот на средината на теренот, како што беше случајот со репрезентацијата на Англија минатото лето на Европското првенство.

Во нападот владее голема неизвесност бидејќи клубот ќе го напуштат Единсон Кавани и Џеси Лингард, а неизвесна е иднината и на Рашфорд и Роналдо.

Прв пик е Данџума од Вилјареал, а довербата на младиот холандски стручњак треба да ја заслужи Џејдон Санчо. Неприкосновен е и Бруно Фернандез кој неодамна го обнови договорот. Позицијата централен напаѓач би била наменета за Хари Кејн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови