Ливерпул е во трка за шампионската титула во Премиер-лигата, но работи со полна пареа и на засилувања за следната сезона. Според британските медиуми, „црвените“ се заинтересирани да ја доведат ѕвездата на Торино, Бремер, во своите редови.
Бразилскиот стопер е вистински хит во Серија А оваа сезона, тој е најзаслужен за тоа што неговиот тим прими само 30 гола во сезоната, еден помалку од првопласираниот Милан. Пазарната вредност на 25-годишниот фудбалер се проценува на околу 25 милиони евра, а голем интерес за доведување на Бремер во своите редови веќе покажа и актуелниот шампион на Италија, Интер.
За да му направи простор на Бремер, Јирген Клоп, ќе мора да се ослободи од еден од своите стопери, најверојатно тоа ќе биде Џо Гомез кој сезонава го загуби местото во стартниот состав на Ливерпул.
Речиси сигурно Бремер ќе го напушти Торино ова лето, само прашање е дали ќе остане во Серија А или ќе оди на „Енфилд“…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













