Германскиот првак Баерн Минхен изненадувачки загуби кај Вилјареал со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Џулијан Нагелсман не беше на потребното ниво, но искусниот Томас Милер вели дека сепак има и реванш на „Алијанц арена“, на кој може да се направи пресврт.
„Можевме да загубиме и поубедливо. Вилјареал е сериозен тим. Ќе мора добро да се подготвиме за реваншот. Немавме енергија, не создадовме ни доволно шанси. Но, ние сме сепак Баерн Минхен и има и реванш. Ќе направиме се за да ги поправиме работите“, изјави Томас Милер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal