Бројни европски медиуми ја пренесоа информацијата на италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ за воведување на десетминутно судиско продолжување во фудбалот. Весникот наведе дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да воведе зголемување на фудбалскиот натпревар за 10 минути, и тоа на Светското првенство во Катар за да го надомести украденото време за време на мечевите.
Како една од причините беше наведено дека поради пет замени на натпреварите ќе загуби ефективната игра, но се покажа дека информациите на италијанскиот весник не се точни.
ФИФА излезе со соопштение во кое накусо посочи дека нема да има промени во времетраењето на фудбалскиот натпревар.
„Поради одредени натписи и шпекулации кои се појавија, ФИФА сака да укаже дека нема да има промени во должината на натпреварите на Светското првенство во Катар или на кое било друго натпреварување“, истакна Светската фудбалска организација.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година на осум стадиони лоцирани во радиус од дваесет километри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal