Англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер Сити обезбедија предност во првите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите. „Црвените“ славеа со 1-3 на гости против Бенфика во Лисабон и се многу блиску до пласман меѓу четирите најдобри екипи во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Ибрахима Конате во 17.минута и Садио Мане во 34.минута обезбедија одлична предност за Ливерпул по првиот дел. Дарвин Нуњез намали на почетокот на второто полувреме, но Луис Дијаз во 87.минута постигна и трет погодок за Ливерпул.
Манчестер Сити минимално славеше против Атлетико Мадрид на „Итихад“ со 1-0. Кевин де Бруин во 70.минута беше стрелец на победничкиот погодок. Белгиецот десет минути подоцна имаше одлична шанса и за втор погодок, но Савиќ успеа да спаси и блокираше речиси на гол-линијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













