Connect with us

„Војна“ на различни светови на „Итихад“: Сити или Атлетико, чија филозофија ќе биде поуспешна?

Во првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите вечерва на „Итихад“ ќе се сретнат Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. Тоа ќе биде судир на двајца тренери кои имаат сосема различни фудбалски филозофии.


„Гвардиола е несомнено талентиран, но покрај тоа, тој секогаш имал среќа со себе да има извонредни играчи. Никогаш не сум ги имал Чави, Серхио Бускетс, Жерар Пике, Андреас Иниеста или Меси“, изјави Симеоне. „Тоа што ми се допаѓа кај тимовите како Сити е напорот што го вложуваат играчите во обидот да ја вратат топката и да го задржат поседот. Она што најмногу ме трогнува е да гледам играчи со таков квалитет кои секогаш работат и се активни во борбата за секоја топка. Тоа го посакуваат сите тренери“, додаде темпераментниот аргентински тренер.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека Атлетико Мадрид има посебен стил на игра, но најважно во фудбалот е да се победи.

„Нема да учествувам ниту секунда во глупавата дебата за стиловите на игра. Сите се обидуваат да го добијат натпреварот. Ако победат, тие се право за стилот со кој играле. Ако победиме ние, тогаш ние сме во право. Постои погрешна претстава за начинот на кој тие играат. Напаѓаат повеќе отколку што мислат луѓето“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови