Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-0 во дебито на новиот тренер Наџи Шенсои. Ова беше првиот натпревар од 15.коло во Првата фудбалска лига.
Ален Јашароски во 15.минута го отвори резултатот, а Боби Божиновски во 70.минута го потврди триумфот на „лавовите“.
Работнички имаше неколку убави шанси во првото полувреме, но играчите на Марјанчо Андрески затаија во реализацијата. Марковиќ, Шаркоски, Тошевски, можеа да донесат израмнување.
А кога не се користат шансите стигнува казната. Боби Божиновски во 70.минута постигна одличен погодок од работ на шеснаесетникот и го зголеми водството на 2-0.
Работнички останува на последното место со само 11 освоени бода, а Македонија ЃП во моментот е четвртопласирана со 21 бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













