Лошиот влез во сезоната на тимот на Македонија ЃП може да се толкува од повеќе аспекти. Исклучително тешкиот распоред, во кој „лавовите“ имаа задача да се спротивстават на Струга ТЛ, Шкендија, Силекс, неколку повредени фудбалери и нерегистрираните странци.
Сепак, во Ѓорче Петров, во ниту еден од овие факти не бараат алиби за поразите, туку гледаат само напред. Во 4. коло од Прва МФЛ, во Ѓорче Петров гостува Пелистер.
„Лошо почнавме, тука нема збор. Повреди, тежок распоред, но тоа не е причина сега да бараме алиби и да зборуваме за тоа што поминало. Ние како тим, верувајте, на секој меч одиме на победа. Така ќе биде и денеска. Респект за противникот, Пелистер е квалитетна екипа, но за нас денеска постои само една опција. А, тоа се трите бода“, вели Христијан Пецов за официјалниот сајт на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













