Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше спектакуларно деби во дресот на Глазгов Ренџерс – само еден ден по потпишувањето на договорот се најде во стартната постава на својата нова екипа во големото „Олд Фирм“ дерби против Селтик.
Фановите на „Ајброкс“ го пречекаа со бурни овации, а Миовски доби доверба да игра повеќе од 70 минути пред да биде заменет од Десерс. Иако не успеа да дојде до вистинска шанса за погодок, македонскиот напаѓач остави впечаток на подготвен и мотивиран фудбалер, кој ќе биде значајно засилување за напаѓачката линија на Ренџерс.
По четири одиграни кола, „сините“ од Глазгов имаат само четири освоени бода со четврто реми во сезоната, додека вечниот ривал Селтик со десет бода се наоѓа на врвот на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













