
Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) за разлика од „Франс Фудбал“ наградата за најдобар фудбалер во светот за 2021 година му ја додели на голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Овој институт за првпат го направи својот избор на најдобри фудбалери во светот, а Левандовски е победник со 150 гласови. Второпласиран е Лионел Меси со 105 гласа, а трет Жоргињо со 40 гласа.
Гласови добија и Кевин де Бруин, Мохамед Салах, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Н’Голо Канте, Џанлуиџи Донарума и Ерлинг Халанд.
Кога станува збор за голманите, наградата за најдобар ја доби Џанлуиџи Донарума со 175 гласа, следен од Мануел Нојер со 75 гласа, додека трет е Едуард Менди со 40 гласа. Следуваат Емилијано Мартинез со 25 и Јан Облак со 20 гласа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
