
Фудбалерот на Пари Сен Жермен и аргентински репрезентативец Лионел Меси е добитник на ласкавото индивидуално признание „Златна топка“ за 2021 година, што го доделува „Франс Фудбал“. Тој доби најмногу гласови од 180 новинари ширум светот и капитени и селектори на националните селекции. Меси можеби не блескаше на клупски план во Барселона, а во текот на летото направи трансфер во ПСЖ, но со Аргентина го освои трофејот на Копа Америка.
Меси го победи Роберт Левандовски кој се најде на втората позиција во изборот за „Златната топка“, но доби утешна награда – најдобар голгетер во светот.
На третата позиција се најде Жоргињо, кој со Челси стана клупски првак на Европа, а со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство.
Веднаш зад тројцата најдобри се Карим Бензема и Нголо Канте, а Кристијано Роналдо за првпат по 2010 година не се најде меѓу петте најдобри во изборот на „Франс Фудбал“. Меѓу првите десетмина се најдоа и Мохамед Салах, Кевин де Бруин, Килијан Мбапе и Џанлуиџи Донарума.
Најдобар клуб во светот за 2021 година е европскиот првак Челси.
HERE IS THE WINNER!
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021
SEVEN BALLON D’OR FOR LIONEL MESSI! #ballondor pic.twitter.com/U2SywJmruC

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
