
Италијанскиот регулатор за заштита на конкурентноста (CODACONS) тврди дека Јувентус би можел да испадне во Серија Б доколку работи незаконски и ќе го побара токму тоа. Дополнително, постои закана на клубот да му бидат одземени титули поради сомневање за незаконски дејствија кои му претходеле на успехот на клубот.
Претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, до неодамна спортскиот директор Фабио Паратичи и уште тројца актуелни и поранешни функционери на Јувентус задолжени за финансиите на клубот се под истрага за фалсификување на сметководството на клубот и лажно фактурирање. Самиот Јувентус е обвинет за профит со лажно прикажување на вредноста на играчите со нивно надувување.
„На службениците на торинскиот огранок на економската и финансиската полиција задолжени за истрагата во овој случај им беше наредено да најдат и издвојат документација и други корисни докази поврзани со финансиските извештаи на клубот од 2018 до 2021 година, особено оние поврзани со купување и продавање играчи. Во моментов истрагата е насочена кон докажување на сторени кривични дела лажно прикажување на трансакции и непостоечки трансакции на раководството на клубот, поточно на раководителите на деловните, финансиските и спортските сектори на Јувентус“, соопшти државното обвинителство.
„Истрагата за Призма започна во мај 2021 година и беше доверена на инспектори од Секторот за финансиски криминал. Во текот на истрагата тие користеа прислушување и следење на комуникациите на осомничените поради основано сомневање дека многубројните трансфери на фудбалери биле пренагласени од посредници. Јувентус е обвинет дека е одговорен за криминални дејствија затоа што клубот, како правно лице, обезбедил покритие за поединци незаконски да профитираат од одредени работни места“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мохамед Кудус пред трансфер во Тотенхем

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
