Connect with us

Бензема и Винисиус ја суредија и Севилја (ВИДЕО)

Реал Мадрид има четири бода предност пред градскиот ривал Атлетико на врвот на табелата во Ла Лига откако го доби дербито против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-1. Иако гостите имаа водство на стартот, сепак, „кралевите“ успеаја да направат пресврт и да остварат важен триумф, десетти во шпанското првенство оваа сезона.

Рафа Мир во 12.минута донесе немир кај мадриѓани, но работата ја смири Карим Бензема дваесет минути подоцна. Долго „кралевите“ се обидуваа да постигнат победнички погодок и тоа му успеа на Винисиус Жуниор во 85.минута од дуелот.

Во судиското продолжение се истакна и Тибо Куртоа кој го спаси триумфот со одлична интервенција по шутот на Томас Дилејни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови