Tренерот на Ростов, Валери Карпин, мораше да го напушти клубот. Карпин беше назначен за селектор на Русија на крајот од минатиот месец со договор до крајот на годината, и мораше да ја комбинира својата работа во Ростов. Фудбалската федерација на Русија се изјасни против комбинирање на двете позиции, па Карпин беше принуден да го напушти Ростов.
„Донесов тешка одлука да го напуштам тренерското место на Ростов. За мене е тешко, но секако ќе биде најдобро за сите“, изјави Карпин.
Ростов забележа два последователни домашни порази во првите два натпревари од новата сезона во руската Премиер лига и се наоѓа на дното на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal