
Шкупи е во жестока трка со Шкендија за лидерската позиција на табелата, а тимот од Чаир „лета“ на крилјата на Дембо Дарбо. Робусниот напаѓач имаше најзабележителни игри во Првата фудбалска лига во текот на октомври и е избран за МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на месецот.
Дембо Дарбо постигна два гола во триумфот на Шкупи над Борец (3-0), а потоа беше стрелец и на победничкиот погодок против Академија Пандев (0-1) во Струмица.
Напаѓачот од Гамбија делува незадржливо за противничките одбрани во Првата фудбалска лига, а во него Шкупи има огромен адут во трката за шампионската титула. Следна цел на Дембо Дарбо и на Шкупи е дуелот против Работнички кој е закажан за утре, со почеток во 13.30 часот на арената „Тодор Проески“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
