
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите откако и вторпат го совлада Пари Сен Жермен во полуфиналната пресметка, овојпат со 2-0 на „Итихад“. Тимот на Пеп Гвардиола комплетно го надигра ривалот, а двоен стрелец беше Ријад Махрез. Тоа е прво финале за „граѓаните“.
Маурисио Покетино не можеше да смета на Килијан Мбапе, а без него „светците“ речиси и да немаат шанси да направат чудо во Англија.
Махрез во 11.минута го отвори резултатот, откако топката малку и сречно се одби до него, а тој шутираше прецизно откосо од десната страна. Пет минути подоцна Маркињос со удар со глава ја погоди гредата, а Ди Марија беше непрецизен по големата грешка на Едерсон кога не успеа од дваесетина метри да го погоди празниот гол.
Во 63.минута, по една одлична акција, Фил Фоден му подготви супер-можност на Ријад Махрез кој не погреши и зголеми на 2-0. Ди Марија нервозата ја покажа на Фернандињо и беше исклучен и тоа беше крај на надежите на ПСЖ за пласман во големото финале.
Утре Челси и Реал Мадрид ќе го дадат вториот финалист во елитното европско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
