Дерби си е дерби, а и Вардар не е било кој. Иако оваа сезона со подмладен тим и со многу финансиски потешкотии, сепак, тоа не значи дека убедливиот триумф (1-6) на Шкендија против вардарци нема големо значење. Не е Бесарт Ибраими виновен што Вардар е организициски хаотичен, а и тимот не е доволно конкурентен.
Тој постигна два гола, забележа асистенција и се врати во полн сјај во дербито на колото. Беше еден од најдобрите поединци на мечот, силно мотивиран против големиот ривал.
Бесарт Ибраими, во изборот на МАКФУДБАЛ, го заслужи признанието за најдобар играч на 24.коло во Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













