Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (18 часот) во Краков против домашната селекција на Полска ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2027.
Селекторот Горан Станиќ верува во оваа нова генерација фудбалери, убеден е во успех во циклусот кој го отвораме во Краков.
Напаѓачот Дашмир Елези има слично размислување, фудбалерот на Работнички е еден од главните адути во нападот на младата селекција.
„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација“, изјави Елези.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













