Во понеделникот заврши преодниот рок во „Топ 5 лигите“, а Рахим Стерлинг, некогаш еден од најдобрите крилни фудбалери, не успеа да пронајде нов клуб, иако одамна не е во плановите на менаџерот на Челси, Енцо Мареска.
Англискиот фудбалер со недели беше поврзуван со многу клубови. Постоеше реална можност да заигра во Италија или Германија и првпат во кариерата да замине надвор од Премиер – лигата, но во последните денови од преодниот рок интерес покажа и Фулам.
На крајот, ништо не се реализираше, што и Челси и Стерлинг ги доведе во незавидна ситуација – клубот поради високата плата што ја има поранешната ѕвезда на Ливерпул и Манчестер Сити, а играчот поради тоа што нема да добива минутажа.
По ова, Челси му понудил на Стерлинг 10 милиони фунти за раскин на договорот кој истекува во лето 2027 година.
На тој начин, фудбалерот би добил „слободни раце“ за избор на нов клуб, додека Челси би заштедил значителна сума што е планирана до крајот на договорот.
Стерлинг во следните 24 месеци, доколку остане до истекот на договорот, би заработил дури 30 милиони фунти, што за Челси би било чист загубен трошок. Затоа сè води кон раскин на соработката.
Стерлинг пристигна во Челси во летото 2022 година од Манчестер Сити за 56,2 милиони евра, но не успеа ниту приближно да ги повтори настапите што ги имаше во најдобрите денови на „Етихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













