Многу лоши вести за Микел Артета, откако дозна колку долго ќе отсуствува Вилијам Салиба поради повреда. Францускиот репрезентативец се повреди за време на загревањето, но првично мислеше дека може да игра. Сепак, во првите секунди од поразот против Ливерпул (0-1) минатата недела сфати дека тоа е невозможно.
Централниот дефанзивец ќе биде надвор од терените меѓу три и четири недели, поради што ќе пропушти седум натпревари на „топчиите“. Сигурно е дека нема да игра против Нотингем Форест и Манчестер Сити во Премиер – лигата, како и на првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против Атлетик Билбао, како и во дуелот со Портвејл во англискиот Лига куп.
Ако се потврди најлошото сценарио и тој отсуствува цел месец, Артета нема да може да смета на него ниту за натпреварите со Њукасл и Вест Хем во првенството, како и за Олимпијакос во Лигата на шампионите. Поради мускулната повреда, Салиба го пропушти и собирот на францускиот селектор Дидие Дешамп, што го извади од составот на „триколорите“.
Без Салиба, шпанскиот тренер најверојатно ќе се реши да го спои летното засилување Кристијан Москера со Габриел Магалјаеш, при што поранешниот фудбалер на Валенсија веќе го замени Французинот на мечот со Ливерпул. Како алтернатива од клупата е достапен и Пјеро Инкапи, уште едно ново засилување, кое чека на деби, а не треба да се заборави дека и Бен Вајт може да игра на оваа позиција, но и тој е повреден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













