Раководството на Јувентус веќе започнало преговори со претставниците на турскиот напаѓач Кенан Јилдиз за продолжување на неговиот договор, пренесува „Газета дело Спорт“. Актуелниот договор на 20-годишниот офанзивец важи до 2029 година, но „старата дама“ сака да го продолжи барем за уште една година.
Според информациите, досегашните средби меѓу двете страни минале во многу позитивна атмосфера и се очекува конечен договор да биде постигнат во следните недели.
Јилдиз веќе се наметнува како клучен играч во составот на Јуве и самиот признава дека Торино и клубот претставуваат совршена средина за неговиот развој.
Во клубот го гледаат како идна ѕвезда на светскиот фудбал и потенцијална „марка“ што ќе привлекува млади навивачи, додека воедно го ценат неговиот стил на игра и квалитетите што ги носи на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













