Македонскиот прволигаш Работнички одигра реми без голови против српскиот член на елитата Нови Пазар. Ова беше прв натпревар за тимот под раководство на новиот тренер Алпарслан Ердем.
Мечот се одигра на Градскиот стадион во Нови Пазар, а за “романтичарите” дебитираше новото засилување Демир Имери од Шкупи. Тој по повеќе од една деценија се враќа во дресот на Работнички.

Работнички одигра добар натпревар, беше рамноправен ривал, а најдобрата можност за погодок ја имаше Калани Алмеида во првото полувреме, но шутираше за малку крај голот.

Очигледно дека промената на тренерската позиција донесе одредени нови, подобри, моменти во играта на Работнички, а во наредниот период Алпарслан Ердем ќе треба да поработи и на подобрување на ефикасноста на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













