Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година лошо ги стартуваше квалификациите за ЕП 2027. Селекцијата на Горан Станиќ загуби со 3-0 од домашната селекција на Полска на мечот што се одигра во Краков.
Младите македонски фудбалери одолеваа дваесетина минути, а потоа Полска дојде во водство. По акцијата на Пјенко, на крајот Адриан Зенделовски во 22.минута ја затресе сопствената мрежа.
Уште во првото полувреме селекторот Станиќ го уфрли во игра Михаил Талевски, што требаше да донесе и поофанзивна игра за Македонија.
Во вториот дел, Полска постигна уште два гола и го реши мечот.
Марсел Регула во 65.минута зголеми на 2-0, а само три минути подоцна Томаш Пјенко постигна и трет гол за домаќинот.
Македонија У21 првиот меч на домашен терен ќе го одигра на 9. септември во Битола, кога ќе ја пречека селекцијата на Италија. “Аѕурите” со пресврт ја победија Црна Гора со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













