
Брегалница го чува врвот со победи, не знае за пораз цела сезона, но, сепак, внимателноста е на високо ниво во пресрет на отворањето на третиот круг во Втората лига Исток. Во Штип гостува тимот на Каменица Саса.
„Задоволни сме од начинот на кој дојдовме до претходната победа. Но, тоа е зад нас, а сите мисли сега се кон натпреварот со Саса. Тимот од Македонска Каменица секогаш бил незгоден противник за нас. Добро се сеќаваме на некои претходно меѓусебни натпревари и тоа треба да е поука за сите нас. Но, јасно е дека без разлика на противникот од спротивната страна Брегалница на сите натпревари оди на победа. Така ќе биде и на денешниот меч“, вели капитенот Ристе Наумов.
Тиквеш во Кавадарци ја пречекува Слога Виница и планира нов триумф. Кит Го е домаќин на Победа, Кожуф во Гевгелија ќе ја пречека Плачковица, а Осогово ќе го нагости Росоман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal