Шкендија има седум предност во однос на Шкупи во пресрет на последниот трет круг од првенството на Македонија. Искусниот играч за врска на тетовскиот тим, Арменд Алими, верува дека Шкендија ќе успее да ја сочува оваа предност и да се закити со шампионскиот трофеј.
„Цврсто верувам дека на крајот ќе бидеме шампиони, дека заедно со навивачите ќе уживаме во освоената титула, четврта во историјата на Шкендија. Ние сме најдобриот тим и заслужено сме лидери по првите два круга од шампионатот. И во третата фаза ќе го потврдиме тоа“, вели Алими.
Шкендија в недела на домашен терен ќе го пречека Пелистер на отворањето на третиот круг од шампионатот во Првата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













