Connect with us

Тренчовски и Таневски порачаа: Нека победи подобриот во утрешното финале!

Македонија ЃП и Академија Пандев се актерите во утрешното 27-мо финале од Купот на Македонија кое, по пауза од две години, повторно се враќа во Скопје на националната арена „Тодор Проевски“.

За Академија Пандев ова ќе биде прво финале во историјата, додека ѓорчепетровци во својот трет финален дуел ја посакуваат и втората титула.

„Се разбира дека силно го посакуваме трофејот во Купот. Јасно е дека и за двата тима ова е одлична шанса да стигнат до титула до сезонава и никој нема да сака да ја пропушти. Не очекува тежок противник кој оваа пролет игра одличен фудбал. Но, ние имаме искусни фудбалери кои може да одговорат на задачата со многу освоени трофеи во своите кариера, и сигурен сум дека може да ни го донесат и овој трофеј“ – вели тренерот на Македонија ЃП, Александар Таневски.

Финалето од Купот на Македонија секогаш е огромен мотив за надигрување со секоја екипа, порачуваат од редовите на Академија Пандев во пресрет на утрешната пресметка со Македонија ЃП на националната арена „Тодор Проевски“.

Тренерот на „пандевци“, Југослав Тренчовски и капитенот Сашко Пандев нагласуваат дека се подготвени за квалитетен фудбал како би дошле до својот прв историски трофеј во македонскиот фудбал.

„Финале на Куп е мотив за секоја екипа. Добро се познаваме и сигурно ќе биде интересен, неизвесен дуел. Ние сме подготвени да дадеме се од себе за да стигнеме до првиот трофеј во историјата на македонскиот фудбал.  Ова е прво финале за еден клуб од Струмица и се надевам дека ќе го обелиме образот и ќе го донесеме трофејот дома“ – вели Југослав Тренчовски.

Финалето од Купот на Македонија утре на арената „Тодор Проевски“ се игра со почеток од 18:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови