
Македонија ЃП и Академија Пандев преку продолженија и евентуално пенали ќе го одлучат победникот во финалето од Купот на Македонија откако во регуларниот дел натпреварот на арената “Тодор Проевски“ заврши без победник 2-2 (1-1).
Финалето почна мирно со привидна иницијатива на Македонија ЃП. Сепак, првиот обид беше на страната на фудбалерите на Академија Пандев во 8. минута кога Миловановиќ се обиде со шут од далечина, но непрецизно.
Но, тоа што не му успеа на Миловановиќ му успеа на капитенот Сашко Пандев. Во 10. минута носи предност за „пандевци“ со феноменален гол со шут од 25 метри стрелајќи под гредата од голот на скопјани.
Потоа повторно мирен период без шанси на двете страни, се до 21. минута кога следеше уште една атракција. Овој пат Бразилецот Робсон Да Силва директно од слободен удар од 18 метри одлично шутираше за израмнување на 1-1.
До крајот на првото полувреме останува да се одбележа и двете одлични можности на Македонија ЃП. Најпрво Да Силва шутираше во 39. минута но Чубраковиќ одбрани, а потоа одбраната на струмичани го блокираше и шутот на Божиновски во 40. минута.
Во 43. минута обид на спротивната страна имаше Љупче Дориев, но непрецизен.
Второто полувреме почна со нова доминација на „лавовите“. Во 52. минута Сабит Билали имаше 100% шанса, изби по десната страна но неговиот шут од 12-13 метри заврши крајно непрецизно над голот на Академија Пандев.
Во 55. минута Дориев извонредно шутираше од 25 метри на спротивната страна, но Јовановски одбрани со крајни напори исфрлајќи во корнер. Јовановски спречи водство на „пандевци“ и во 58. минута кога одлично го одбрани шутот на Стоилов од десеттина метри.
И, потоа крајно мирен период се до 78. минута кога Христијан Кировски се најде во одлична шанса но Чубраковиќ интервенираше исфрлајќи во корнер. За да потоа следи неверојатен финиш.
Најпрво во 84. минута Дејан Тантуровски донесе предност за „лавовите“ од 1-2, но во следната минута пенал за Академија Пандев и Љупче Дориев прецизно стрела од белата точка во 86. минута за 2-2 и продолженија на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
