Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по завршувањето на натпреварувачката сезона 2018/2019 упати честитки за ФК Шкендија за освојувањето на шампионската титула како и до ФК Академија Пандев за освојување на Куп натпреварувањето во нашата држава.
Сејдини во своето обраќање до јавноста упати честитки и за ФК Борец – Велес и ФК Струга Трим Лум за освојувањето на титулите во Втората лига, и промоцијата во нови македонски прволигаши.
„Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни желби до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица, како и до сите навивачи, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е инструмент во победата на својот клуб. Шкендија го потврдува квалитетот веќе неколку години, а тоа е плод на добрата работа на стручниот штаб, одличната селекција и квалитетното раководство. Фудбалот е многу важен фактор во нашето општество и затоа е важно да им дадеме поддршка на нашите клубови и во нивните настапи во европските купови. Имаат право да сонуваат дека можат да стигнат далеку и во натпреварувањата на УЕФА. Им посакуваме многу среќа и со еднаков жар како и досега да го претставуваат својот дрес и македонскиот фудбал во Европа. Академија Пандев воодушеви многумина со постигнатите резултати сезонава и освојувањето на Купот во нашата држава. Верувам дека во континуитет ќе работат и функционираат стабилно, цврсто и плански. Убеден сум дека и во иднина неуморно ќе работат на создавање нови таленти, нешто што претставува визија на клубот и не се сомневам дека од тоа голема корист ќе има и македонската репрезентација. На сите македонски претставници во европските купови, Шкендија, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. им посакувам добар ждреб, многу среќа и успех во следните натпревари“ – вели Сејдини во своето обраќање и дополнува:
„Би сакал да упатам честитка до новите прволигаши, Борец Велес и Струга Трим Љум за првото место во 2 МФЛ – исток и 2 МФЛ – запад. Резултатот на двете екипи сигурно не е случаен, напротив, тоа е плод на квалитетната работа во клубовите и се надевам дека успехот ќе го продолжат и во натпреварите од најдобрата конкуренција следната сезона. Честитки за Велес и Струга“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski