
Работнички со успех го стартуваше пролетниот дел од првенството победувајќи минимално на гости против Академија Пандев со 0-1. На тој натпревар поради жолти картони не настапи Марјан Ристовски, едно од новите имиња кои пристигнаа во зимскиот преоден рок од кого се очекува да биде големо освежување за тимот.
Во пресрет на саботниот натпревар со Силекс на Националната арена „Тодор Проески“, тој е подготвен за официјално првенствено деби во дресот на Работнички. Вели дека веќе се чувствува како староседелец, затоа што атмосферата во тимот е семејна, а Работнички силата ја црпи од заедништвото.
„Се чувствувам како ‘сто години’ да сум дел од клубот. Работнички е едно големо семејство и тоа не е фраза. Кога човек ќе пристигне во ова големо семејство, веднаш ја чувствува топлината на заедништвото. Верувам дека тоа ќе ни носи успеси во пролетниот дел од првенството“, вели Ристовски за официјалниот сајт на клубот
.
Подготвен е за деби во второто пролетно коло.
„Го пропуштив мечот против Академија Пандев поради жолти картони. Затоа сега едвај чекам да дебитирам. Подготвен сум максимално, а шефот Александар Влахо ќе одлучи дали ќе добијам минутажа. Најважно е Работнички да продолжи победнички и по успехот во Струмица да надоврземе и триумф против Силекс. Секако, респект за гостите, тие се квалитетен тим. Сепак, ние ги посакуваме трите бода“, најавува Марјан Ристовски.
Главен судија на саботниот натпревар (14 часот) меѓу Работнички и Силекс ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
