Connect with us

Вељко Пауновиќ доби договор од ФСС до 2030 година

Вељко Пауновиќ и официјално стана селектор на фудбалската репрезентација на Србија, јавува Танјуг.

Според информациите, Пауновиќ во Стара Пазова потпиша договор со раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија до 2030 година и ќе има проширени овластувања во однос на сите српски репрезентативни селекции.

Со тоа, Пауновиќ ќе ја предводи Србија во квалификациите за Европското првенство 2028 година, Светското првенство 2030 година, како и во сите циклуси од Лигата на нации во овој период.

Краткорочно, тој ја презеде репрезентацијата по заминувањето на Драган Стојковиќ, кој се повлече по тежок пораз од Албанија во Лесковац, a резултат што ја чинеше Србија место во баражот за следното Светско првенство.

Пауновиќ ја водеше Србија на два натпревара во ноември: пораз од Англија на „Вембли“ (2-0) и победа над Летонија во Лесковац (2-1). Овие резултати не беа доволни да ги исправат претходните пропусти, па Србија нема да учествува на Мундијалот.

Со ова именување, Пауновиќ станува 12. селектор во историјата на српската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови