Реал Мадрид ги разочара своите фанови со тоа што успеа да извлече само бод во дуелот со Елче, натпревар кој заврши 2-2 и беше последен на денешната програма во Ла Лига. На резултатот се радува Барселона, бидејќи ја стопи разликата и сега е само еден бод зад својот голем ривал.
Елче и понатаму го носи епитетот „тим за ремија“ оваа сезона. Во тринаесетте кола, клубот веќе забележа седум натпревари завршени без победник – бројка која е највисока во првенството, израмнета со Селта Виго.
Фебас погоди за водство на Елче во 53. минута, а Хаусен израмни за Реал Мадрид во 78.
Сепак, домаќините повторно поведоа со голот на Алваро Родригес во 84. минута. Само три минути подоцна Џуд Белингам стави нов печат на дуелот со второ израмнување, но „кралевите“ не успеаја да направат целосен пресврт и да ги освојат трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













