Connect with us

Тиквеш е победник на турнирот „Вуко Каров“

Тиквеш очекувано триумфираше на Меморијалниот турнир „Вуко Каров и Тиквешките легенди“, откако забележа две победи на два одиграни натпревари.

Прволигашот прво славеше со 3-0 против Тетекс, а потоа беше уште поубедлив во дуелот со Вардар Неготино, кого го совлада со 5-0. Во последниот меч на турнирот, Вардар Неготино успеа да го победи Тетекс со 2-1.

По завршувањето на натпреварите, организаторите го прогласија Тиквеш за победник и доделија благодарници и дипломи на најдобрите учесници.

Како и претходните години, турнирот што се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци се одвиваше по италијански систем – секој тим одигра против секој по 45 минути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови