Connect with us

Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва, со почеток од 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, ќе го одигра петтиот натпревар во овој циклус квалификации за Европското првенство.

Противник е селекцијата на Шведска, која исто како и нашиот национален тим има забележано само една победа. Потоа следи и уште еден домашен меч против Полска, а капитенот Матеј Ангелов е оптимист.

„Ова се два многу важни натпревари за нас. Уште поважно е што ги играме на домашен терен и ќе сториме сѐ од нив извлечеме максимум. Што се однесува до претходниот дуел против Црна Гора на гости, навистина е жално што загубивме на таков начин. Пред се затоа што бевме подобри од противникот во поголемиот дел од мечот. Сепак, клучна беше концентрацијата во поедини ситуации и дисциплината во истите. Токму овој сегмент мора да го поправиме. Тој детал не чинеше бодови во Црна Гора, особено во второто полувреме. На тоа мора да поработиме. Нема посебна филозофија. Анализа на противникот, максимална посветеност и 100% влез во мечот. Како што доликува да се игра во националниот дрес. Ништо помалку од тоа“, вели капитенот на нашата репрезентација Матеј Ангелов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови