Со пет натпревари, изминатиот викенд започна новата натпреварувачка сезона во Прва ЖФЛ.
Актуелниот првак, Љуботен со убедливи 5:0 ја отвори новата сезона во Прва ЖФЛ. Тетовчанки славеа против СЦ Истатов.
Во најнеизвесниот меч од воведното коло, Тиверија Брера со два гола во второто полувреме, успеа да ја победи екипата на Топ Гол. Во Битола, 1:2 за Тиверија Брера, решавачкиот гол го даде Розита Пецева во 83. минута.

Фаворитите АС јунајтед, Скопје и Каменица Саса остварија сигурни победи. АС Јунајтед со високи 8:0 славеше против Атлетико. Веса Села и Теодора Далческа се радуваа на хет-трик на стадионот во Струга.
Каменица Саса во Речица го совлада домаќинот со 3:1, два погодоци даде Ана Димитровска. Девојките од Скопје со 3:0 беа подобри од новиот прволигаш, екипата на Кочани.

Во вториот круг, дерби натпреварот е закажан на 24. август во Каменица, домашната Саса го пречекува Љуботен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













