Connect with us

Еди Хау побара од Њукасл во најбрз можен рок да ја расчисти ситуацијата со Александер Исак

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, го повика раководството на клубот што побрзо да ја реши иднината на Александер Исак, додека истовремено го одбрани правото на навивачите да го изразат своето незадоволство од напаѓачот, кој силно сака трансфер во Ливерпул. По ремито без голови против Астон Вила во првото коло од Премиер – лигата, фановите на „чавките“ скандираа навредливи песни на сметка на Исак.

Швеѓанецот не настапи на овој дуел, бидејќи беше повлечен од списокот за натпреварот на „Вила Парк“.

„Тешко е да одговорам, но се надевам дека прашањето ќе биде решено брзо, затоа што ова е вест што постојано нè опкружува. Играчите успеваат да се исклучат од тоа и да настапат добро, мора да продолжиме така и да се справиме со оваа ситуација“, изјави Еди Хау по натпреварот со Вила.

За претстојниот дуел со Ливерпул, тој додаде:


„Натпреварите со нив секогаш се жестоки, има историја во ова ривалство. Со нетрпение го очекуваме и знаеме колку е силен тој тим.“

За однесувањето на навивачите, Хау застана на нивна страна:


„Без разлика што ќе се случи со Исак, нашите фанови беа фантастични затоа што го поддржуваа тимот додека игравме. Тие секогаш тоа го правеле извонредно. Ако сакаат да изразат мислење по натпреварот – имаат право на тоа.“

Во меѓувреме, Њукасл повторно покажал интерес за Гонсало Рамош од ПСЖ. Францускиот шампион е подготвен да го продаде напаѓачот доколку пристигне добра понуда, наместо да го позајми. Иако Португалецот по голот во Суперкупот на УЕФА против Тотенхем изјави дека е „посветен на проектот на ПСЖ“, неговата иднина останува неизвесна поради недостаток на место во стартниот состав.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови