Connect with us

Еспањол го сопна Атлетико на стартот на Ла Лига (ВИДЕО)

Еспањол го направи првото големо изненадување во Ла Лига оваа сезона, откако на отворањето на шампионатот го совлада Атлетико Мадрид. Иако гостите на Диего Симеоне заминаа на пауза со водство од 0-1, домаќините блескаа во второто полувреме и стигнаа до победата.

Хулијан Алварез го постигна единствениот гол за Атлетико во 37. минута, што во тие моменти изгледаше дека ќе му донесе сигурна победа на фаворитот.

Сепак, Еспањол не се предаде и направи целосен пресврт во второто полувреме. Мигел Рубио успеа да израмни во 73. минута, а Пере Миља ги донесе радоста и триумфот на домашниот тим со погодокот во 84. минута.

Ова е првпат Атлетико Мадрид да доживее пораз на отворањето на Ла Лига уште од 2009 година, што дополнително ја потенцира големината на изненадувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови