Connect with us

Панче Стојанов: Очекувам наша многу подобра игра против Пелистер и освојување на првите бодови

Брера имаше многу лош на новата сезона, загуби со 5-0 на гостувањето кај Силекс, но тренерот Панче Стојанов вели дека се обидел да им укаже на младите фудбалери од неговиот тим веднаш да го заборават тој меч, затоа што следи првиот натпревар на домашен терен против Пелистер.


„Имавме лош старт, многу околности не ни одеа во прилог пред и за време на тој меч, но им реков на фудбалерите веднаш да го заборават. Цела седмица равотевме напорно и се подготвувавме за првиот натпревар на домашен терен против Пелистер. Го анализиравме противникот, тие се квалитетен тим, но имаме идеи како да го наметнеме нашиот ритам и ќе сториме сѐ да стигнеме и до првиот успех во новата сезона“, вели тренерот на Брера, Панче Стојанов.

Тој ќе го нема на располагање единствено напаѓачот Никола Величковски, кој доби црвен картон на претходниот натпревар против Силекс.

„Немаме други проблеми со играчкиот кадар, освен отсуството на Величковски, кој беше исклучен против Силекс. Се надеваме дека на натпреварот со Пелистер ќе прикажеме многу подобра игра пред нашите гледачи и дека ќе ги освоиме првите бодови во новата сезона од Првата лига“, истакна шефот на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови