
Сезоната во Премиер – лигата започна на тежок начин за Манчестер јунајтед, кој пред своите навивачи на „Олд Трафорд“ беше поразен со 0-1 од Арсенал. Единствениот гол на натпреварот го постигна дефанзивецот Рикардо Калафиори, кој уште во првото полувреме донесе радост за гостите од Лондон.
Иако резултатот не беше во нивна полза, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, по дербито нагласи дека е задоволен од борбеноста и играта на своите избраници.
„Секако дека не можеме да бидеме среќни кога губиме на домашен терен. Но, морам да кажам дека тимот покажа квалитет и карактер. Заслуживме повеќе од овој натпревар, а според прикажаното можевме да извадиме и поинаков резултат. Сепак, ова е само почеток – мора да продолжиме понатаму и да се фокусираме на следниот предизвик“, изјави Аморим.
За Јунајтед следува гостување кај Фулам, натпревар во кој ќе се обидат да ја запишат првата победа во новата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
